Денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 2 до 12 степени.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари