Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 21 степен. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари