Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно во северните делови ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 21 степен. Утре ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари