Време-Променливо облачно со сончеви периоди и ветровито

- Македонија
401

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 9 степени. Утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари