Време-Променливо облачно со врнежи од дожд

- Македонија
448

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на Новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени. Утре наутро постудено, а преку денот претежно сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари