Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Утре ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари