Лев банер Десен банер

Време: Променливо облачно со сончеви периоди, на крајниот запад врнежи од дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Во крајните западни делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени. Во сабота ќе има врнежи од дожд, а во недела врнежите ќе бидат од дожд и снег. Од понеделник се очекува позначителен пад на температурите и провејување на слаб снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

error: