Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни особено во источните и југоисточните делови од земјава каде лоаклно ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени. Слично време со уште пониски, односно максимални 13 степени се очекува и во вторник.
Извор: УХМР
Facebook Коментари