Време: Променливо облачно и ветровито со максимални 19 степени

- Македонија
629

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време  со умерен западен ветер. Претпладне во планинските делови на исток, а особено на запад, ќе има услови за краткотраен дожд. Во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 19 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините особено на запад, врнежите ќе бидат од снег. Од четврток се очекува значителен пад на температурите и врнежи од дожд и снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари