Лев банер Десен банер

Време: Променливо облачно со врнежи од дожд – максимални 17 степени

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а попладне правецот ќе го смени во источен и североисточен. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени. Во среда и четврток се очекува променливо облачно време со обилни дождови и пад на температурите за неколку степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

error: