Сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 32 до 39 степени. Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари