Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 33 до 39 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 31 до 37 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари