Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 80 км/час) и услови за појава на град. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 35 до 43 степени.
Утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 29 до 38 степени.
Facebook Коментари