Време-Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

- Македонија
335

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 34 до 41 степен. Утре ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал  од 33 до 41 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари