Време-Сончево и многу топло со мала локална облачност

- Македонија
982

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 39 степени.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот, претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 38 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари