Време: Сончево и многу топло со умерен северозападен ветер

- Македонија
622

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и значително потопло време со слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 36 степени. Во недела ќе биде сончево и топло со максимални 38 степени низ Македонија. Кон крајот на денот ќе има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари