Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 33 до 41 степен.
Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 32 до 40 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари