Време-Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

- Македонија
414

Денеска ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени. Утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари