Денеска ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен во западните делови западен, а во источните јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари