Време: Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
735

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 35 степени. Слично време со максимални 36 степени ќе преовладува утре, а во четврток и петок ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи кога се очекува и пад на температурите за неколку степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари