Време-Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

- Македонија
424

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен, во западните делови западен, а вдолж Повардарието југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 24 степени.Утре ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари