Денеска ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 31 до 38 степени. Утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 32 до 38 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари