Време-Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
385

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 36 степени. Утре ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 33 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари