Време- Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
598

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 28 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 30 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари