Време- Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
349

 

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 31 до 38 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари