Време: Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
496

Во поголемиот дел од земјава ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени. Утре ќе биде  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 30 до 38 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари