Денеска ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени. Утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 20 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари