Време: Сончево и многу топло, попладне услови за пороен дожд

- Македонија
896

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време. Попладне со мала, до умерена облачност. Локално, во западните делови од земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Ќе дува слаб, до умерен северен ветер што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. УВ индексот ќе има вредност 9. Дневните температури ќе се движат во интервал од 32 до 41 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари