Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и релативно студено време со слаб северен ветер. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 15 степени. Слично време ќе имаме и во четврток и петок, со ниски утрински температури кои утре ќе се спуштат 6 степени под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.
Извор: УХМР
Facebook Коментари