Време- Сончево со мала до умерена облачност

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, во јужните делови на земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и изолирана појава на грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.
Извор: УХМР

