Време-Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
435

|

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 14 степени. Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а попладне и во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари