Време- Сончево со мала до умерена облачност

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени. Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 6, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени.

