Денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 19 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 16 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари