Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.
Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Преку ноќта во источните делови ќе има услови за појава на слаб дожд, на планините слаб снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 13 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари