Време- Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
413

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари