Време- Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
336

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени. Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари