Време- Сончево со мала до умерена облачност и ветровито

- Македонија
530

Денеска претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 18 степени.Утре ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини магливо. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари