Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена, а на места повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. По котлините, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари