Време-Сончево со мала до умерена облачност, околу пладне краткотраен дожд и грмежи

- Македонија
789

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ=8. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени. Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 31 до 39 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари