Време- Сончево со мала до умерена облачност, попладне краткотраен дожд

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 33 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 34 степени.

