Време-Сончево со мала до умерена облачност, попладне пороен дожд во северните делови

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен.
Извор: УХМР

