Време-Сончево со мала до умерена облачност, попладне во јужните делови пороен дожд и грмежи

- Македонија
508

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 34 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 33 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари