Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер кој на југоисток ќе засилува. Од пладневните часови претежно на југоистокот ќе има повремен дожд. Нови врнежи од дожд ќе започнат од вечерните часови од северозапад, а на планините и понекаде на повисоките места тие ќе бидат од снег. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините во северните делови и понекаде на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари