Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 10 степени. Утре ќе биде променливо облачно со умерен јужен ветер. Преку денот врнежи ќе започнат во западните делови кои ќе се прошират од крајот на денот и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари