Време: Сончево со мала облачност, температурите ќе растат

- Македонија
579

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 24 до 34 степени. Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала облачност, а температурата ќе биде во константен пораст.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари