Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 19 степени. Утре претежно сончево со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 20 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари