Денеска во западните делови од земјава ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во останатите делови сончево со умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 12 степени. Утре ќе преовладува сончево со умерена облачност, по котлините во утринските часови со слаба магла. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 15 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари