Време: Сончево со умерена облачност и топло

- Македонија
779

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоозападен ветер. Облачноста ќе е поголема во планинските региони каде што попладне ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени. Утре преку денот ќе биде со зголемена облачност, а од запад ќе се прошират врнежи кои понекаде ќе се проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен ветер најизразен во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 23 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари