Време- Сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

- Македонија
504

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. УВ=8. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени. Утре ќе биде  сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен.

Facebook Коментари