Време: Сончево со умерена облачност, попладне можност за врнежи од дожд

- Македонија
586

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Попладне, во северозападните делови со појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8. Претежно сончево време со мала до умерена облачност, а во планинските делови со можност за ретка појава за дожд и грмежи ќе преовладува во сабота кога дневната температура ќе се движи во интервал од 30 до 36 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари